Броеви (4 Moj.) 1:16-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Тоа беа избраниците од општеството, владетели на нивните татковски племиња и главатари на Израелевите илјадници.

17. Тогаш Мојсеј и Арон ги зедоа тие луѓе кои беа одредени по име,

18. па ја свикаа целата заедница во првиот ден на вториот месец. Тогаш во пописот, според родовите и семејствата по ред, беше внесуван бројот на личностите повозрасни од дваесет години, еден по еден.

19. Како што Господ му нареди на Мојсеја, така тој ги изброја во Синајската Пустина.

20. Кога беше утврдено Рувимовото потомство, на Израелевиот првенец, по неговите родови и семејства, ги запишаа глава по глава имињата на сите машки од дваесет години нагоре, на сите способни за борба.

21. Преброените од Рувимовото племе беа четириесет и шест илјади и пет стотини.

22. Беа избројани Симеоновите потомци по нивните родови и семејства: беа избројани, глава по глава, имињата на сите машки од дваесет години нагоре, на сите способни за борба.

23. Избројаните од Симеоновото племе беа педесет и девет илјади и три стотини.

24. Кога беше утврдено потомството на Гадовите синови по нивните родови и семејства, беа избројани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.

25. Избројаните од Гадовото племе беа четириесет и пет илјади и шест стотини и педесет.

26. Кога беше утврдено потомството на Јудините синови по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.

27. Избројаните од Јудиното племе беа седумдесет и четири илјади и шест стотини.

28. Кога беше утврдено потомството на Исахаровите синови по нивните родови и семејства, беа избројани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војување.

29. Избројаните од Исахаровото племе беа педесет и четири илјади и четири стотини.

30. Кога беше утврдено потомството на Завулоновите синови по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на сите од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.

31. Избројаните од Завулоновото племе беа педесет и седум илјади и четири стотини.

32. Јосифовите синови: кога беше утврдено потомството на Ефремовите синови, по нивните родови и семејства, беа избројани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.

Броеви (4 Moj.) 1