Битие (1 Moj.) 9:15-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Ќе си спомнам за Својот Завет, За Заветот меѓу Мене и вас И секое живо суштество: И потоп повеќе нема да има, За да го истреби секое суштество.

16. Кога божилакот ќе се појави во облакот, Јас ќе го видам И ќе си спомнам за вечниот Завет Меѓу Бога и секоја жива душа, И секое тело на земјата.”

17. И Бог му рече на Ное: „Тоа нека е знак на Заветот, што го склучив меѓу Себе и сите живи суштества на земјата.”

18. Ноевите синови, што излегоа од бродот, беа: Сим, Хам и Јафет. А Хам е прататко на Ханаанците.

19. Тројцава беа Ноеви синови и од нив се насели целиот свет.

20. А Ное почна да ја обработува земјата и посади лозје.

21. Се напи вино и се испијани, па се разголи во својот шатор.

22. Хам, прататкото на Ханаанците, го виде разголениот татко и им го кажа тоа на своите двајца браќа надвор.

Битие (1 Moj.) 9