Битие (1 Moj.) 8:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Изворите на бездната и небесните брани се затворија, и дождот од небото запре.

3. Водите се повлекуваа бавно од земјата. По сто и педесет денови водите стивнаа,

4. а во седмиот месец, во седумнаесеттиот ден на месецот, бродот застана на горите на Арарат.

5. Водите намалуваа непрекратно до десеттиот месец, а на првиот ден на десеттиот месец се покажаа планинските врвови.

6. Кога поминаа четириесет денови, Ное го отвори прозорецот, што го имаше направено на бродот;

7. и пушти гавран, што постојано одлетуваше и долетуваше, додека водите не се исушија од земјата.

8. Потоа пушти гулаб, за да види дали ја снема водата од земјата.

Битие (1 Moj.) 8