20. И ги благослови во тој ден, зборувајќи: „Израел ќе биде благословуван преку вас, велејќи: ‘Бог нека ти направи и тебе, како на Ефрема и Манасија!’” Така го стави Ефрема пред Манасија.
21. Потоа Израел му рече на Јосифа: „Еве, јас ќе умрам скоро; но Бог ќе биде со вас и пак ќе ве врати во земјата на вашите татковци.
22. А тебе ти оставам дел повеќе отколку на браќата твои, што го освоив, со мојот меч и лак, од Аморејците.”