Битие (1 Moj.) 46:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, Израел тргна на пат, со сè што беше негово, и стигна во Вирсавеа, па Му принесе жртва на Бога на татка си Исака.

2. Бог го повика Израела, во ноќно видение: „Јакове! Јакове!” Тој одговори: „Еве ме!”

3. „Јас Сум Бог, Бог на татка ти. Не бој се да слезеш во Египет, зашто таму ќе произведам голем народ од тебе.

4. Јас ќе слезам во Египет со тебе и Самиот ќе те вратам ваму; а Јосиф ќе ти ги склопи очите со свои раце.”

5. И Јаков тргна од Вирсавеа. Израелевите синови ги сместија: татка си Јакова, своите деца и своите жени во колите, што фараонот ги испрати, за да го превезат.

Битие (1 Moj.) 46