Битие (1 Moj.) 44:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Јосиф му нареди на управителот на своето домаќинство: „Наполни ги вреќите на луѓево, со храна, колку што можат да носат, а сребрениците на секого стави ги при отворот на неговата вреќа.

2. А мојата чаша - онаа од сребро - стави ја во отворот на вреќата на најмладиот, заедно со неговото сребро за житото.” Тој направи како што му нареди Јосиф.

3. Кога се раздени, ги испратија луѓето и нивните ослиња.

Битие (1 Moj.) 44