Битие (1 Moj.) 43:16-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Кога Јосиф го здогледа Венијамина со нив, му рече на управителот на своето домаќинство: „Одведи ги луѓето во куќата, заколи едно добиче и зготви, зашто луѓево ќе ручаат со мене на пладне!”

17. Човекот направи како што му рече Јосиф и ги поведе луѓето во Јосифовиот дом.

18. Луѓето се исплашија кога ги поведоа во Јосифовиот дом и рекоа: „Заради сребрениците што ги најдовме во нашите вреќи, првиот пат, нè водат нас внатре, да нè нападнат и да нè земат за робови, заедно со нашите ослиња.”

Битие (1 Moj.) 43