Битие (1 Moj.) 41:7-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Празните класови ги голтнаа седумте крупни и полни класови. И фараонот се разбуди, и ете: тоа беше сон.

8. Утрото, фараонот беше смутен во духот, па ги повика сите египетски волшебници и мудреци: им ги раскажа фараонот своите соништа, но никој не можеше да ги протолкува.

9. Тогаш главниот фараонов виноцрпец проговори: „Треба денес да си спомнам за еден свој пропуст.

10. Еднаш, кога фараонот се налути на своите службеници, на мене и на главниот лебопекар, нè стави во темницата на началникот на телохранителите.

11. Сонувавме сон во истата ноќ, и јас и тој, но секој од нас виде сон со друго значење.

12. Тогаш со нас беше некој млад Евреин, слуга на заповедникот на стражата. Му ги раскажавме нему своите соништа, а тој ни ги протолкува: на секој му го кажа значењето на неговиот сон.

13. Како што ни ги протолкува, така и ни се случи: мене ме вратија на моето место, а оној го обесија.”

14. Фараонот веднаш испрати по Јосифа; го извлекоа набрзина од темницата; му ја истригаа косата, го облекоа во ново облекло, и тој стапи пред фараонот.

15. Тогаш фараонот му рече на Јосифа: „Сонував сон, но никој не може да го протолкува, чув за тебе дека можеш да го протолкуваш сонот, штом ќе го чуеш.”

Битие (1 Moj.) 41