Битие (1 Moj.) 41:5-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Пак заспа и виде друг сон: седум полни и крупни класови израснаа од едно стебленце.

6. Но, ете, по нив израснаа седум слаби класови, изгорени од источниот ветер.

7. Празните класови ги голтнаа седумте крупни и полни класови. И фараонот се разбуди, и ете: тоа беше сон.

8. Утрото, фараонот беше смутен во духот, па ги повика сите египетски волшебници и мудреци: им ги раскажа фараонот своите соништа, но никој не можеше да ги протолкува.

9. Тогаш главниот фараонов виноцрпец проговори: „Треба денес да си спомнам за еден свој пропуст.

Битие (1 Moj.) 41