Битие (1 Moj.) 37:16-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. „Ги барам браќата”, одговори. „Можеш ли да ми кажеш каде ги чуваат стадата?”

17. А човекот рече: „Заминаа оттука. Ги чув како зборуваат: „Да одиме во Дотан.” Така Јосиф замина по своите браќа и ги најде во Дотан.

18. Тие го здогледаа оддалеку; пред да им се приближи, почнаа да се договараат за да го убијат.

19. Си рекоа еден на друг: „Ене го стигнува сонувачот!

20. Ајде, да го убиеме сега и да го фрлиме во некоја јама! Можеме да речеме дека го изеде див ѕвер. Ќе видиме што ќе биде од неговите соништа!”

Битие (1 Moj.) 37