Битие (1 Moj.) 33:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. додека Јаков отиде во Сокхот, каде си изгради куќа, и направи трла за својот добиток. Затоа го нарече местото Сокхот.

18. Откако дојде од Падан Арам, (Сирска Месопотамија) Јаков пристигна во сихемскиот град Салим, што се наоѓа во Ханаанската Земја, и го оптегна својот шатор пред градот.

19. Делот од полето, на кое го постави својот шатор, го купи од синовите на Емора, Сихемовиот татко, за сто сребреници.

20. Постави жртвеник таму и го повика таму името на Господа, Израелевиот Бог (Ел, Елое Израел).

Битие (1 Moj.) 33