Битие (1 Moj.) 30:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Откако Рахила виде дека не му раѓа деца на Јакова, и завиде на својата сестра и му рече на Јакова; „Дај ми деца! Инаку ќе умрам!”

2. Јаков се налути на Рахила и рече: „Зар сум Бог, Кој ја лиши твојата утроба од плод?”

3. А таа одговори: „Еве ја мојата слугинка Вала: влези при неа, па нека роди на моите колена, па така и јас ќе добијам деца преку неа.”

Битие (1 Moj.) 30