Битие (1 Moj.) 29:29-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Лаван и ја даде својата слугинка Вала на ќерка си Рахила за слугинка.

30. Тогаш Јаков и пристапи на Рахила. Ја љубеше Рахила повеќе отколку Лија. И така му служеше на Лавана уште седум години.

31. Господ виде дека Лија не е љубена, па ја направи плодна, додека Рахила остана неротка.

32. Лија зачна и роди син; му го даде името Рувим, а тоа значи, како што протолкува таа: „Господ ја виде мојата неволја и затоа сега мојот маж ќе ме љуби.”

Битие (1 Moj.) 29