Битие (1 Moj.) 28:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Кога Исав виде дека Исак го благослови Јакова, кога го испраќаше во Падан Арам, за да си земе жена оттаму, наредувајќи му додека го благословуваше: „Не смееш да земеш жена од ханаанските девојки”,

7. и дека Јаков ги послуша татка си и мајка си и отиде во Падан Арам,

8. Исав сфати колку му се одвратни ханаанските девојки на татка му Исака.

9. Затоа отиде при Исмаила и, покрај жените кои веќе ги имаше, се ожени за Маелета, ќерка на Исмаил, синот Авраамов, а сестра Новајотова.

Битие (1 Moj.) 28