Битие (1 Moj.) 26:21-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. А кога ископаа друг кладенец, па спореа и заради него, го нарекоа со името Ситна.

22. Тој се пресели оттаму и ископа друг кладенец. Не спореа заради него, па го нарекоа со името Ровот и протолкуваа: „Зашто Господ ни даде пространство за да се намножиме на земјата.”

23. Оттаму се искачи во Вирсавеа.

24. Господ му се јави во истата ноќ и рече: „Јас Сум Бог на татка ти Авраама: Не бој се, Јас Сум со тебе! Ќе те благословам, ќе ти ги умножам потомците, заради својот слуга Авраама.”

25. Исак издигна жртвеник таму и Го повика Господа по име; постави таму свој шатор, а неговите слуги почнаа да копаат кладенец.

26. Тогаш при него дојде Авимелех од Герар, со својот советник Охозат и со Фихол, началник на војската.

27. Исак ги праша: „Зошто дојдовте при мене кога ме мразите и кога ме истеравте од себе?”

28. Тие одговорија: „Гледаме јасно дека Господ е со тебе: заклетвата нека биде врска меѓу нас и тебе. Дај да склучиме сојуз со тебе:

29. ти нема да ни нанесуваш зло, како што ние не те злоставувавме тебе, туку секогаш постапувавме добро со тебе и те отпуштивме со мир. А сега Господовиот благослов е на тебе.”

30. Тој им даде гозба, па јадеа и пиеја.

Битие (1 Moj.) 26