Битие (1 Moj.) 24:38-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

38. туку отиди во домот на мојот татко, при мојот род, за да најдеш жена за мојот син.’

39. А јас му реков на својот господар: ‘А што, ако жената не сака да тргне по мене?’

40. Тој ми одговори: ‘Господ, пред чие лице одев, ќе го испрати Својот ангел со тебе, и твоето патување ќе го доведе до целта, и ти ќе најдеш жена за мојот син од мојот род, од семејството на татка ми.

41. Единствено вака ќе бидеш ослободен од мојата заклетва: ако дојдеш при моите роднини, а тие те одбијат, слободен си од мојата заклетва.’

Битие (1 Moj.) 24