Битие (1 Moj.) 21:32-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Откако склучија сојуз, при Вирсавеа, Авимелех и военачалникот на неговата војска Филох си отидоа и се вратија во земјата на Филистејците.

33. Авраам засади гора при Тамариска Вирсавеа и таму го повика името на Господ - Вечниот Бог.

34. Долго време престоја Авраам во Филистејската Земја како придојденик.

Битие (1 Moj.) 21