Битие (1 Moj.) 20:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. И така, што имаше на ум - го праша Авимелех - кога правеше така?”

11. Авраам одговори: „Навистина сметав дека нема Божји страв во ова место и дека луѓето ќе ме убијат заради мојата жена.

12. Освен тоа, таа е навистина моја сестра: ќерка е на татка ми, иако не и на мајка ми, па ми стана жена.

13. А кога Бог ме оддалечи од татковиот дом, и реков: „Направи ми ја оваа услуга; каде и да дојдеме, кажи за мене дека сум ти брат.”

14. Авимелех зеде овци и говеда, слуги и слугинки и му ги даде на Авраама; му ја врати и жена му Сбра.

15. Потоа Авимелех рече: „Еве, мојата земја ти е отворена. Насели се каде што ќе ти се види за добро!”

Битие (1 Moj.) 20