Битие (1 Moj.) 18:20-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Тогаш Господ продолжи: „Голема е викотница против Содом и Гомор, бидејќи нивниот грев е претежок.

21. Ќе слезам долу да видам дали прават навистина така, како што вели тужбата што стигна до мене. Сакам да разгледам.”

22. Оттаму луѓето тргнаа кон Содом, додека Авраам стоеше уште пред Господа.

23. Тогаш Авраам се приближи и рече: „Ќе го погубиш ли и невиниот со виновниот?

24. Можеби има педесет праведници во градот. Зар ќе го уништиш местото и нема да го поштедиш заради педесетте невини, кои се таму?

Битие (1 Moj.) 18