6. Тогаш Аврам и одговори на Сара: „Ете, твојата слугинка е во твоја рака: постапи со неа како што сакаш.” Сара се однесуваше со неа толку лошо што таа избега од неа.
7. Господов ангел ја најде во пустината, при изворот - на патот кон Сур -
8. и ја праша: „Агаро, Сарина слугинко, откаде доаѓаш и каде одиш?” А таа одговори: „Еве, бегам од својата господарка Сара.”
9. А Господовиот ангел и рече: „Врати се кај господарката твоја и покори и се под нејзините раце!
10. Ангелот Господен уште и рече: „Ќе го умножам мошне твоето потомство; не ќе може да биде избројано поради множеството.”
11. Натаму Господовиот ангел и рече: „Ете, ти си бремена и ќе родиш син. Дај му име Исмаил (Кого Бог Го Слуша), зашто Господ ја чу твојата мака.
12. Тој ќе биде како диво осле: неговата рака ќе се крева на секого, и сечија рака на него; и тој ќе живее, во близина на сите свои браќа.”
13. Таа Го нарече Господа, Кој и зборуваше: „Ти Си Сè видечки Бог (Ел Рои), зашто - таа рече - „Го видов Бога и после видувањето останав жива!”