Битие (1 Moj.) 15:6-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Аврам Му поверува на Господа и тоа му се засмета за праведност.

7. Тогаш Тој му рече: „Јас Сум Господ, Кој те изведе од Халдејскиот Ур, за да ти ја предадам оваа земја во наследство!”

8. А тој рече: „Господи, Господи, по што ќе знам дека ќе биде моја?”

9. Господ му одговори: „Принеси ми тригодишна јуница, тригодишна коза, тригодишен овен, грлица и гулапче.”

10. Тој Му донесе сè тоа, ги расече наполовина и ги стави половините една спроти друга; птиците не ги пресече.

11. Грабливи птици слетуваа на труповите, но Аврам ги растеруваше.

Битие (1 Moj.) 15