Авакум 2:18-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. За што ползува делканиот лик, та уметникот да го делка? За што леаниот лик, учителот на лага, та неговиот творец да се доверува на делото свое, обликувајќи неми идоли?

19. Тешко му на оној, кој вели на дел од дрво: ‘Разбуди се!’ На немиот камен: ‘Стани!’ Тој ли ќе поучува? Ете, тој е опточен и со злато и со сребро, но никаков здив нема во него.

20. Но Господ е во Својот свет храм: сета земја нека замолчи пред Него!”

Авакум 2