1. Пророчко видение што го виде пророк Хабакук.
2. До кога, Господе, ќе викам за помош, а Ти да не чуеш? Да викам кон Тебе „Насилство!” а Ти да не спасиш?
3. Зошто ми ја покажуваш неправдата пред очи? Зошто го гледаш угнетувањето? Грабеж и насилство се пред мене. Расправија и раздор беснеат.
4. Затоа законот ја изгуби силата, а правдата не се појавува ни за миг. Да, злосторникот го гони праведникот, затоа судот излегува изопачен.
5. „Погледајте меѓу народите, гледајте, чудете се, вчудоневидете се! Зашто во ваши денови правам дело, во кое не бисте поверувале, ако некој ви го раскаже.
6. Зашто еве, ги подигам Халдејците, народ жесток и брз, што навлегува ширум низ земјата, за да ги одземе живеалиштата кои не се негови.