2 Цареви 9:26-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. ’Се колнам: како што сношти ја видов крвта на Навутеј и крвта на неговите синови - слово е Господово - така ќе ти вратам исто на ова поле’ - Господово слово е. И така, крени го, и фрли го во тоа поле, според Господовото слово.”

27. Кога јудејскиот цар Охозиј го виде тоа, избега кон Вет Хаган (Градинска Куќа), но Јуј го гонеше и нареди: „Погубете го и него во колата!” Го ранија во колата на брдото Гур, што се наоѓа кај Ивлеам. Но избега во Медигон, и таму умре.

28. Неговите слуги го пренесоа со колата во Ерусалим и го погребаа во гробницата покрај неговите татковци, во Давидовиот Град.

29. Во единаесеттата година на царувањето на Јорам, синот Ахавов, Охозиј стана цар над Јудеја.

30. А Јуј беше влегол во Езраел. Кога Језавела го чу тоа, ги намачка очите, ја украси главата и погледна од прозорецот.

2 Цареви 9