2 Цареви 9:10-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Језавела ќе ја изедат кучињата во Езраелското Поле, и никој не ќе ја закопа.’” - Потоа ја отвори вратата и избега.

11. Јуј излезе кај придворниците на својот господар. Тие го прашаа: „Дали е сè во мир? Зошто дојде тој безумник кај тебе?” Тој им одговори: „Го знаете човекот и неговата беседа.”

12. Тие рекоа: „Не знаеме! Кажи ни!” Тој им рече: „Ми зборуваше така и така и ми рече: ‘Господ вели вака: „Те помазав за цар над Израел!”‘“

13. Тие веднаш ги зедоа своите наметки и ги послаа пред него на лествиците, затрубија во роговите и извикаа: „Јуј е цар!”

2 Цареви 9