2 Цареви 7:18-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Се случи како што Божјиот човек му рече на царот: „Утре во ова доба при вратата на Самарија две мери јачменово брашно ќе бидат за шекел и мера чисто брашно за шекел.”

19. Дворјанецот му одговори на Елисеја: „Па Господ да направи и окна на небото, дали би можело да биде тоа што го велиш?” Елисеј му одговори: „Ќе видиш со своите очи, но нема да јадеш.”

20. И навистина, така му се случи: народот го изгази при вратата, та тој умре.

2 Цареви 7