2 Цареви 6:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Кога влегуваа во Самарија, Елисеј рече: „Господи, отвори им ги на овие очите за да прогледаат.” Господ им ги отвори очите, и тие видоа дека се среде Самарија!

21. Кога ги виде царот на Израел, му рече на Елисеј: „Дали треба да бидат погубени, татко мој?”

22. А тој одговори: „Немој да ги убиваш. Зар ќе ги убиеш оние што не ги зароби со својот лак и меч? Дај им леб и вода, за да јадат и да пијат, и нека се вратат при својот господар.”

23. Царот им даде голема гозба. Откако јадеа и пиеја, ги пушти. И се вратија при својот господар. И така арамејските грабачи веќе не навлегуваа на израелска почва.

2 Цареви 6