2 Цареви 4:21-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Таа тогаш отиде горе и го положи во постелата на Божјиот човек. Потоа излезе и ја заклучи вратата.

22. Потоа го повика мажа си и му рече: „Испрати ми еден од момците и една ослица; ќе отрчам до Божјиот човек и ќе се вратам.”

23. Тој ја праша: „Зошто да одиш денес кај него? Не е ни млада месечина, ниту е сабота.” Но таа одговори: „Остани во мир!”

24. Откако момокот ја насамари ослицата, таа му рече: „Води и тргни! Не задржувај ме патем, освен ако не ти наредам.”

2 Цареви 4