2 Цареви 3:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јорам, синот Ахавов, се зацари над Израел во Самарија, во осумнаесеттата година на Јосафатовото царување во Јудеја. И владееше дванаесет години.

2. Правеше што е зло во Господовите очи, ама не како неговиот татко и неговата мајка, зашто го отстрани Вааловиот столб што го имаше подигнато татко му.

3. Но се приврзуваше кон гревот со кој Јеровоам, синот Наватов, го заведуваше Израел; и не отстапуваше од него.

4. Миса, моавскиот цар, беше сточар и му праќаше на израелскиот цар за данок сто илјади јагниња и волна од сто илјади овни.

2 Цареви 3