2 Цареви 22:5-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Нека им ги врачи на раководителите поставени во Господовиот Дом, а тие нека ги исплатат работниците кои го поправаат Господовиот Дом,

6. дрводелците, градежниците и ѕидарите, и да се купува дрво и делкан камен што се потребни за поправка на Домот.

7. Но нека не се бара од нив сметка за врачените сребреници, зашто тие работат чесно.

8. Великиот свештеник Хилкиј му рече на тајникот Сафан: „Го најдовме книжниот свиток на Законот во Господовиот Дом.” И Хилкиј му го даде свитокот на Сафан, кој го прочита.

9. Тајникот Сафан дојде кај царот та го извести: „Твоите слуги - рече тој - ги собраа сребрениците, што ги најдоа во Домот и им ги предадоа на раководителите, поставени во Господовиот Дом.”

10. Тогаш тајникот Сафан го извести царот: „Свештеникот Хилкиј ми даде еден свиток.” И Сафан почна да чита пред царот.

11. Откако ги чу зборовите на книжниот свиток на Законот, царот ги раскина своите облеки.

2 Цареви 22