2 Цареви 2:21-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Тој тогаш отиде кај изворот, ја фрли солта во неа и рече: „Господ зборува вака: ‘Ја исцелувам оваа вода. Од неа нема веќе да има ни смрт ни неплодност.’”

22. И водата стана здрава, и таква е до денешниот ден, според зборот што го рече Елисеј.

23. Оттаму се искачи во Ветил. Додека одеше патем, од градот излегоа деца и му се потсмеваа, говорејќи: „Дојди, бескосник! Дојди, бескосник!”

24. Тој се обѕрна, ги погледа и ги проколна во Господово Име. И веднаш излегоа две мечки од шумата и раскинаа четириесет и две деца.

25. Оттаму отиде на гората Кармил, а оттаму се врати во Самарија.

2 Цареви 2