1. Во седумнаесеттата година на царувањето на Факеј, синот Ремалиев, јудејски цар стана Ахаз, синот Јотамов.
2. На Ахаза му беа дваесет години кога се зацари, а царуваше шеснаесет години во Ерусалим, но не правеше што е право во очите на Господа, својот Бог, како што го правеше тоа неговиот предок Давид.
3. Живееше слично на израелските цареви, и самиот го поминуваше својот син низ оган по гнасниот обичај на народите што Господ ги протера пред Израелевите синови.
4. Принесуваше жртви и кадеше по високите места и по брежињата и под секое зелено дрво.
5. Тогаш арамејскиот цар Ресин и Факеј, синот Ремалиев, цар на Израел, тргнаа во војна против Ерусалим. Го опсадија, но не можеа да го освојат.