2 Цареви 12:19-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Другите Јоасови дела и сè што направи, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?

20. Неговите стотници станаа и направија заговор; го убија Јоаса во Вет Мило кога слегуваше во него, на патот за Сило.

21. Неговите стотници Јоазахар, синот Симеатов, и Јозавад, синот Сомиров, му зададоа смртен удар. Го закопаа покрај неговите татковци во Давидовиот Град, а неговиот син Амасиј се зацари место него.

2 Цареви 12