2 Цареви 11:9-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Стотниците направија сè како што им нареди свештеникот Јодај. Секој од нив ги зеде своите луѓе кои што во сабота влегуваа на служба со оние кои во сабота излегуваа. И сите дојдоа кај свештеникот Јодај.

10. Јодај им ги даде на стотниците копјата и штитовите на царот Давид што беа во Господовиот Дом.

11. Стражарите се наредија, со оружје во раката, од јужната до северната страна на Домот, и спрема жртвеникот и спрема Домот околу царот наоколу.

12. Тогаш Јодај го изведе царевиот син, му стави круна и му го даде Сведоштвото и го помаза за цар. Плескаа со рацете и викаа: „Да живее царот!”

13. Кога Готолија ја чу виката на народот, дојде кај народот во Господовиот Дом.

14. Погледа подобро, кога ете, царот, според обичајот, стои на своето место, а пред царот повелници и свирачи; сиот народ воскликнува од радост и труби во труби. Тогаш Готолија ги раскина облеките и извика: „Предавство! Предавство!”

15. Свештеникот Јодај им нареди на стотниците и воените заповедници: „Изведете ја низ редовите, и кој ќе тргне по неа, погубете го со меч.” Уште свештеникот додаде: „Немојте да ја погубите во Господовиот Дом.”

16. Ги ставија рацете на неа, а кога низ Коњската Врата стигнаа до царскиот дворец, таму ја погубија.

2 Цареви 11