2 Цареви 11:18-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Потоа сиот народ отиде во Валовиот храм, и го разурнаа, ги срушија жртвениците и ги искршија ликовите; а Валовиот свештеник Матан го убија пред жртвениците. А свештеникот пак постави стражи кај Господовиот Дом.

19. Потоа ги зеде стотниците на Каријците, стражата и сиот народ. Тие го изведоа царот од Господовиот Дом и го воведоа во дворецот низ Стражарската Врата. И Јоас седна на царскиот престол.

20. Сиот народ се веселеше и градот се смири кога ја убија Готолија со меч во царскиот дворец.

21. На Јоаса му беа седум години кога се зацари.

2 Цареви 11