2 Цареви 10:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во Самарија беа седумдесет Ахавови синови. Јуј напиша писмо и им го испрати на заповедниците на градот, на старешините и на хранителите на Ахавовите деца. Велеше во него:

2. ”Сега, кога ќе ви стигне ова писмо - вие, кај кои се синовите на вашиот господар, кои имате коли и коњи, цврсти градови и оружје -

3. погледајте кој од синовите на вашиот господар е најдобар и најдостоен, па го поставите на престолот на неговиот татко и борете се за домот на својот господар.”

2 Цареви 10