9. Погрижи се да дојдеш скоро при мене,
10. зашто Димас ме остави, бидејќи го засака сегашниов свет и отиде во Солун; Крискент отиде во Галатија, Тит во Далмација.
11. Само Лука е при мене. Земи го Марко и доведи го со себе, зашто ми е полезен за службата.
12. Тихик го пратив во Ефес.
13. Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката, што ја оставив во Троада при Карпа, и книгите, особено пергаментните!
14. Ковачот Александар ми направи многу зло; Господ ќе му плати според неговите дела.
15. И ти пази се од него, зашто им се противеше многу на нашите зборови.
16. При мојата прва одбрана никој не беше со мене, туку сите ме оставија; нека не им се засмета тоа!