2 Тимотеј 4:5-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. А ти биди трезвен во сè, трпи го страдањето, врши ја работата на евангелист, исполнувај ја својата служба до крај.

6. Зашто јас веќе сум излеан како жртва налевница, и времето на моето заминување настапи.

7. Извојував добра борба, го завршив трчањето, ја запазив верата.

8. Отсега натаму ми е подготвен венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној Ден Господ, Праведниот Судија, и не само мене, туку и на сите, кои го возљубија Неговото јавување.

9. Погрижи се да дојдеш скоро при мене,

10. зашто Димас ме остави, бидејќи го засака сегашниов свет и отиде во Солун; Крискент отиде во Галатија, Тит во Далмација.

2 Тимотеј 4