2 Тимотеј 4:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. проповедај го словото, настојувај во време и во невреме, изобличувај, прекорувај, охрабрувај со сета трпеливост и со поука.

3. Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители,за да им ги скокоткаат ушите,

4. и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки.

5. А ти биди трезвен во сè, трпи го страдањето, врши ја работата на евангелист, исполнувај ја својата служба до крај.

6. Зашто јас веќе сум излеан како жртва налевница, и времето на моето заминување настапи.

7. Извојував добра борба, го завршив трчањето, ја запазив верата.

2 Тимотеј 4