2 Тимотеј 1:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Запази го доброто што ти е доверено преку Светиот Дух, Кој живее во нас.

15. Ти го знаеш тоа, дека во Азија сите се одвратија од мене, меѓу кои се Фигел и Ермоген.

16. Господ да му даде милост на Онисофоровиот дом, зашто повеќе пати ме охрабруваше и не се засрами од моите окови,

17. туку, кога дојде во Рим, грижливо ме побара и ме најде.

18. Господ да му даде да најде милост пред Господа во оној Ден! И како сè ми услужи во Ефес, ти најдобро го знаеш тоа.

2 Тимотеј 1