2 Солунците 3:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. А вам ви наложуваме, браќа, во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат, кој води неуреден живот, а не по преданието, што го примивте од нас.

7. Навистина, сами знаете како треба да се угледате на нас, зашто ние не се владеевме неуредно меѓу вас,

8. ниту јадевме дарум нечиј леб, туку работевме во труд и напор, ноќе и дење, за да не му бидеме на терет некому од вас.

9. Не затоа што немавме право на тоа, туку за да бидеме самите себе за пример за да нè подражавате.

2 Солунците 3