7. а вам, на измачуваните, олеснување заедно со нас, кога ќе се јави Господ Исус од небото, со ангелите на Својата сила,
8. во пламенен оган, за да даде одмазда на оние кои не Го познаваат Бога и кои не му се послушни на Евангелието на нашиот Господ Исус Христос;
9. кои ќе бидат казнети со вечна пропаст далеку од лицето на Господа и од славата на Неговата сила,
10. кога ќе дојде, во оној Ден, да се прослави во Своите свети и да Му се восхитуваат сите верни, зашто вие му поверувавте на нашето сведоштво.