1. Кога Давид се настани во својот дом и кога Господ му даде мир од сите негови непријатели наоколу,
2. царот му рече на пророкот Натан: „Погледај! Еве, јас живеам во дом од кедровина, а Божјиот Ковчег стои под шатор.”
3. А Натан му одговори на царот: „Оди и прави сè што ти е на срце, зашто Господ е со тебе.”
4. Но во истата ноќ на Натана му дојде оваа Господово слово:
5. ”Оди и речи му на Мојот слуга Давид: ‘Господ зборува вака: „Зар ти ќе ми изградиш куќа, за да престојувам во неа?