9. Давид се насели во тврдината и ја нарече Давидов Град. Тогаш Давид подигна ѕид наоколу од Мило па внатре.
10. Давид стануваше сè посилен, зашто Господ, Бог над Воинствата, беше со него.
11. Тирскиот цар Хирам му испрати на Давида пратеништво и кедрови дрва, дрводелци и ѕидари, кои што изградија дворец за Давида.
12. Тогаш Давид созна дека Господ го потврди за цар над Израел и дека многу го возвиши неговото царство заради Својот израелски народ.
13. По доаѓањето од Хеврон Давид зеде уште соложници и жени од Ерусалим; и му се родија на Давида уште синови и ќерки.
14. Еве ги имињата на децата кои му се родија во Ерусалим: Самуј, Совав, Натан, Соломон,
15. Евар, Нафиг, Јафиј,
16. Елисам, Елијад и Елифалет.
17. Кога Филистејците чуја дека го помазаа Давида за цар над Израел, сите излегоа за да го бараат Давида. Откако го чу тоа, Давид слезе во своето засолниште.