2 Самоилова 3:11-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Исвостеј не се осмели да му одговори ни збор на Авенира, зашто се плашеше од него.

12. Тогаш Авенир му испрати гласници на Давида и му порача: „Чија е земјата?” Сакаше да рече: „Склучи сојуз со мене, и мојата рака ќе ти помогне да го собереш околу себе сиот Израел.”

13. Давид му одговори на Авенира: „Добро! Ќе склучам сојуз со тебе! Ама барам само едно од тебе: не смееш да ми излезеш пред очи, ако не ја доведеш со себе Михала, Сауловата ќерка, кога ќе дојдеш да го видиш моето лице.”

2 Самоилова 3