2 Самоилова 23:21-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Уби и некој Египетец, крупен човек. Египетецот имаше копје во раката, а тој излезе пред него со стап: истргнувајќи му го на Египетецот копјето од раката, го уби со неговото копје.

22. Тоа го направи Јодаевиот син Венаја и се прослави меѓу триесетмината јунаци.

23. Беше најпознат меѓу триесетмината, ама не ги достигна оние први три; Давид го постави за заповедник на своите телохранители.

24. Асаил, братот Јоавов, беше меѓу триесетмината. Потоа: Елханан син Додонов, од Витлеем;

25. Сама, од Арод; Елика од Арод;

26. Хелис, од Фалет; Ира син Икисов, од Текоја;

27. Авиезер, од Анатот; Сибекај, од Хуса;

28. Ахохиецот Салмон, Нетофатецот Марај;

29. Хелев, синот Ванин, од Нетофа; Итај, синот Ривеев, од Гаваја на Венијаминовите синови;

30. Венаја од Пиратон; Идај од Гаскиот Поток;

31. Ави Алвон, од Вет Арава; Азмавет, од Варуим;

32. Елијав, од Салвона; Јасин, син Јонатанов;

33. Сама, од Арара; Ахијам, син Сараров, од Арера;

34. Елифелет, син Асвеев, од Вет Маха; Елијам, син Схитофелов, од Гилон;

35. Есрај, од Кармил; Фареј, од Арава,

36. Игал, син Натанов, од Сова; Ваниј од Гад;

37. Селек, Амонец, Нареј, од Вирот, штитоносец на Серуиниот син Јоав;

2 Самоилова 23