1. Ова се последните Давидови зборови: Слово на Давида, Јесеевиот син, збор на човек кој беше високо воздигнат, на помазаникот на Јакововиот Бог, на пејачот на Израелевите песни:
2. ”Господовиот Дух зборува преку мене, Неговото слово е на мојот јазик.
3. Јакововиот Бог ми рече, Израелевата Стена ми рече: ‘Кој владее праведно со луѓето, и кој владее со страв Божји,
4. тој е како утринската светлина кога ќе огрее сонцето, утро без облаци, на кое светка земната трева после дождот.’
5. Да, мојата куќа стои цврсто пред Бога: Тој склучи вечен Завет со мене, во сè добро уреден и утврден. Да, Тој ќе направи да напреднува сето мое спасение и секоја моја желба.