2 Самоилова 23:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова се последните Давидови зборови: Слово на Давида, Јесеевиот син, збор на човек кој беше високо воздигнат, на помазаникот на Јакововиот Бог, на пејачот на Израелевите песни:

2. ”Господовиот Дух зборува преку мене, Неговото слово е на мојот јазик.

3. Јакововиот Бог ми рече, Израелевата Стена ми рече: ‘Кој владее праведно со луѓето, и кој владее со страв Божји,

4. тој е како утринската светлина кога ќе огрее сонцето, утро без облаци, на кое светка земната трева после дождот.’

2 Самоилова 23