2 Самоилова 2:29-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Авенир и неговите луѓе одеа низ Араба цела онаа ноќ; потоа поминаа преку Јордан, го продолжија патот цело утро и најпосле стигнаа во Маханаим.

30. Кога Јоав се откажа од потерата по Авенира и кога ја собра целата војска, видоа дека од Давидовите луѓе нема деветнаесетмина, и Асаил покрај нив.

31. А Давидовите луѓе убија три стотини и шеесет луѓе од Венијаминовите синови, Авенирови војници.

32. Го дигнаа Асаила и го погребаа во гробот на неговиот татко во Витлеем. А Јоав и неговите луѓе одеа цела ноќ, и веќе се раздени кога стигнаа во Хеврон.

2 Самоилова 2