2 Самоилова 18:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Давид го изброи народот што беше со него и постави над нив илјадници и стотници.

2. Потоа ја подели војската на три дела: едната третина му ја предаде на Јоава, втората третина на Ависај, а третата третина на Гетеецот Итај. Тогаш Давид му рече на народот: „И јас ќе дојдам со вас во војна.”

3. Но народот се спротиви: „Ти не смееш да одиш. Зашто ние и ако побегнеме, никој не ќе обрнува внимание на тоа, или ако загинеме и половина, не ќе се обрнува внимание на тоа; ама ти самиот вредиш колку десет илјади од нас. Освен тоа, подобро е да бидеш подготвен да ни помогнеш од градот.”

2 Самоилова 18